Да се чува природата значи да се чува човечкиот род

Светиот Отец пред Генералната аудиенција во среда 1 јуни 2016 година се сретна со претставниците на Јунистичката установа од Лондон, древна јунистичка заедница, која настанала во шестиот век пред Христос во Индија, а ја промовира филозофијата на ненасилство спрема сите живи битија.

Добредојдовте – им рече Pапата – додавајќи дека го радува средбата со нив, бидејќи го поттикнува растењето на нашата одговорност за грижата за создаденото, дар кој сите ние сме го примиле – дар на Создателот – да се грижиме за него. Создадено е Божјо огледало, огледало на Создателот, огледало на природата, разноврсна природа, животот на природата е исто така и наше огледало – заклучи папата Фрањо.

На сите ни се допаѓа мајката Земја, бидејќи ни дала живот и нѐ чува; би рекол сестрата Земја, која не следи на нашиот животен пат. Наша задача е да ја негуваме како што се негува мајка или сестра, т.е. со неа да постапуваме нежно, одговорно и мирољубиво – рече Папата.

Ви благодарам за сето она што го правите на тоа подрачје; да бидеме соединети во тој идеал, во таа задача, во настојувањето да ја чуваме својата мајка, својата сестра Земја, свесни дека грижата, чувањето на создаденото, Земјата, е чување на целото човештво – заклучи Светиот Отец,

РВ/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот