Да се води сметка за вистинското добро на човечкото битие

Постојано треба да се имаат во вид принципите за праведна е целосна екологија, која води сметка за вистинското добро на човечкото битие – порача папата Фрањо во пораката во учесниците на Втората светска конференција за климатски промени, која се одржува во боливискиот град Тикуапаја, која заврши на 12 окотмври. Средбата ја организира претседателот Ево Моралес, за да се слушне мислењето на општествените движења за климатските промени. Учесниците на средбата својата порака лично му ја предадоа на Генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун.

Заклучоците донесени на конференцијата ќе бидат презентирани пред 21. Светска конференција за климатски промени во Обединетите нации, која ќе се одржи во Париз од 30 ноември до 11 декември 2015 година. Според податоците кои ги објавија агенциите, на собирот во Боливија учествувале 6.000 лица од пет континента.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот