Да молиме за благодатта да не бегаме од Крстот

Во проповедта на Света Литургија во сабота 28 спетмеври во капелата на домот Света Марта, Светиот Отец поттикна на молитва за милост за да не се бега од Крстот. Коментирајќи ги Исусовите зборови: Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, Папата рече дека апостолите не сфатиле за што им зборува Исус, а не се ни осудувале да зборуваат за тоа. Сметале дека е подобро да не зборуваат за тоа, дека е подобро да не ја разбираат вистината за која говореше Исус – рече Папата.

Апостолите се плашале од Крстот. И Петар се плашеше, затоа се обидел да посредува кај Господ: Не,Господи, тоа не! Се плашел од Крстот. Не само тие, туку и Исус се плашел од крстот. Знаел што го чека. Толку се плашел што крвава пот потел, речеси ќе го кажал истото што и Петар: … „Оче нека ме одмине ова чаша. Но нека биде твојата волја!“ Во тоа се разликувал од Петар – рече папата Фрањо.

Од крстот се плашиме и во навестувањето на Евангелието, но правило е „дека ученикот не е поголем од учителот.“ Правилото вели дека без пролевање на крв нема откупување, без Крст нема плодоносна апостолска работа. Можеби секој од нас да мисли: „Што ќе биде со мене? Каков ќе биде мојот крст?“ Ние тоа не го знаеме, но ќе го имаме. Мораме да молиме за благодат за да не се плашиме од крстот. Вистина е дека крстот заплашува. Но следењето на Христос завршува на крстот. Ми доаѓаат на ум Исусовите зборови упатени на Петар: Љубиш ли ме? Паси ги овците мои!, а на крајот: Ќе те водат таму каде што не сакаш да одиш! Тоа е ветувањето на Крстот – истакна Светиот Отец.

Светиот Отец ја заврши проповедта мислејќи на Блажена Дева Марија. Неговата мајка била со Него распнат на Крстот. Можеби е добро од Неа да просиме милост не да не се плашиме, бидејќи ставот е неизбежен, туку да не бегаме од Крстот. Таа била со Крстот и затоа знае како со Крст да се издржи – заклучи Светиот Отец.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот