На 14 март 2017 година на деветата годишнина од смртта на Кјара Лубик во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје светата Литиргија ја предводеше монс. д-р Киро Стојанов, Скопски биксуп и Апостлски егзарх во Македонија.
Во својата проповед бискупот Стојанов од своето лично искуство од средба со Божјата слугинка го раскажа нејзиниот живот и делување преку барањата на Евангелието од литургиските читања (Матеј 23,1-12).
„Кјара, колку што јас лично ја познавам, самата беше скромна и многу пати на дело ја покажа својата скромност и во своите зборови и во своите дела, а многу направи. Сметам дека едноставноста и скромноста ни недостасува, нека во тоа ни биде пример Божјата слугинка… Кјара беше покрај својот Учител! Гледаше што прави и како постапува, се научи да биде понизна и услужлива и го навестуваше Божјото слово насекаде каде што ќе стигнеше. Тоа нека биде и наша школа во која единствено Бог може вистински да процени тоа што го правиме… “
По завршувањето на Мисата настанот продолжи во радосно заедништво а бискупот и членовите на Маријанското Дело – Движење на фоколарите, христијани и муслимани од Скопје.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк