Во поздравот до верниците по завршувањето на Генералната аудиенција во среда 18 ноември 2020 година папата Фрањо потсети дека денес се слави осветувањето на базиликата Свети Петар во Ватикан и базиликата Свети Павле надвор од ѕидините, на Виа Остиенсе.
„Нека овој празник, кој ја потенцира важноста на црквата, која е света градба каде што се собираат верниците, нека ја разбуди во нас свеста дека секој човек е повикан да биде жив храм на живиот Бог“ – рече Папата, „
На крајот Папата им се обрати на старите лица, младите, болните и на младенците.
„Ве повикувам да ја сакате Црквата Господова; да соработувате великодушно и со ентузијазам во нејзината изградба; да го живеете приносот на вашите молитва и вашите страдања како вреден придонес кон градењето на Црквата, престојувалиштето на Севишниот меѓу нас“.
Ватикан њуз/к.мк