Годината на богопосветениот живот во знакот на Евангелието, пророштвата и надежта
„По темелно размислување одбравме Годината на богопосветениот живот да се концентрира над три збора: Евангелие, пророштво, надеж“. Ова го истакна монсињор Хозе Родригез Карабало, секретар на Конгрегацијата на институтите за богопосветен живот и општествата за апостолски живот, при претставувањето на Папскиот Универзитет „Урбанијана“ на второто послание на Конгрегацијата до богопосветените за подготовка на Годината посветена на богопосветениот живот, која ќе започне на 30 ноември, прва недела од адвентот.
Годината ќе биде отворена со света Литургија, предводена од папата Фрањо во ватиканската базилика Свети Петар, која ќе биде служена, вечерта на 29 ноември, по молитвеното бдеење во базиликата Света Марија Велика. Пораката е објавена од ватиканската издавачка куќа ЛЕВ со наслов „Размисли: До богопосветените мажи и жени на патот кон знаците Божји“, е продолжение на првата порака со наслов:„Радувајте се“, објавено на 2 февруари.
„Богопосветениот живот – продолжува монсињор Карабало – гледа пред сè на две работи. Пред сè богопосветените да ја сфатат убавината на следењето на Христос, според формата на живот кон кој се повикани, а потоа тоа да посведочат за убавината на овој живот пред светот, без комплекси на инфериорност или супериорност“.
„Денес, повеќе од било кога – уверува епископот – светот има потреба од мажи и жени кои го живеат Евангелието, кои се пророци и сејачи на надеж. Затоа, богопосветениот живот е од голема актуелност, спротивно на течението, но актуелен“. Коментирајќи го насловот на пораката, секретарот на ватиканската конгрегација појаснува дека повикот „Размисли“, е чекор напред на патот за подготовката на Годината на богопосветениот живот во споредба со „Радувајте се“,.
Според монсињор Карабало, педесет години по Вториот ватикански собор богопосветените се повикани да се потсетат на „еден жив настан во кој го препознаваме нашиот најдлабок идентитет“ и кој ни довери една метода: на размислување за светот и човечкиот живот, поаѓајќи од Словото Божјо“. Богопосветениот живот „минува низ еден брод, но не може да остане постојано во него. Сите сме повикани да направиме чекор напред: да „бидеме една излегувачка Црква“, според дефиницијата на Папата. Со особена внимателност да го долови предизвикот на прашањата кои се поставуваат од раскрсниците на светот, богопосветениот живот е повикан да индивидуализира нови и смели патишта за реализација на сите и да ја живее со особен интензитет својата позиција на застапување“.
РВ/В.Н.