Говор на папата Фрањо на Генералното собрание во ООН: Мораме да ја прекинеме климата на недоверба (Видео)
„Мораме да ја прекинеме сегашната клима на недоверба. Во моментов сме сведоци на ерозија на мултилатерализмот“- рече Папата во однапред снименото видео, обраќајќи се на годишното Генерално собрание на Обединетите нации.
„Мораме да се запрашаме дали можеме на најголемите закани по мирот и безбедноста – сиромаштијата, епидемиите, тероризмот и многу други – ефикасно да се решат кога трката со вооружување, вклучително и нуклеарно оружје, продолжува да ги троши нашите скапоцени ресурси што можат да се искористат за добронамерни инвестиции и заштита на животната средина“- рече папата Фрањо.
Поглаварот на 1,3 милијарди католици во светот апелираше до постојаните членки на Советот за безбедност на ООН да „дејствуваат со повеќе единство и посветеност“ за да бидат ООН „уште поефикасна меѓународна работилница за мир“.
Папата Фрањо рече дека светот е исправен пред „избор помеѓу два можни пата“.
Првиот води кон „зајакнување на мултилатерализмот“, а вториот „ја нагласува самостојноста, национализмот, протекционизмот, индивидуализмот и изолацијата“. „Не смее да надвладее“ вториот пат – нагласи Светиот Отец.
Во седумгодишниот понтификат папата Фрањо се покажа како истакнат борец против сиромаштијата, климатските промени и политиката на отфрлање на мигрантите и бегалците и противник на нерегулираниот капитализам.
Се очекува папата Фрањо даде поширок поглед на светот во енцикликата со наслов „Fratelli tutti” (Сите сме браќа), која ќе биде објавена на 4 октомври.
Ватикан њуз/к.мк