Генерална аудиенција: Слободен е оној кој има моќ на понизност, служење и братство

Генерална аудиенција: Слободен е оној кој има моќ на понизност, служење и братство

Во катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 5 февруари 2020 година, која се одржа во салата Павле VI, папата Фрањо ја посвети на блаженствата и потсети дека бедните по дух се оние кои се чувствуваат ‘просјаци во интимата на своето битие’. Само препознавајќи и признавајќи ги своите ограничувања можеме да љубиме на слободен начин и да го дадеме животот за другите – истакна папата Фрањо.

Сиромаштвото по дух е во фокусот на катехезата на Светиот Отец која ја посвети на првото од осумте блаженства од евангелието според Матеј. Да се биде сиромашен по дух е својствено на нашата човечка состојба и значи да се препознаеме како просјаци, затоа што ги прифаќаме сопствените ограничувања и само така стануваме способно да простиме – рече Папата и истакна: Со тоа исто така се гарантира Царството Божјо, не затоа што имаме моќ создаден од престиж и материјални добра, а која потоа поминува и завршува, туку затоа што го љубиме вистинското добро и повеќе од себе. Тоа е давање на Христовиот живот на луѓето и во тоа е вистинската слобода.

Постои сиромаштво кое мораме да го прифатиме, а тоа е сиромаштвото на нашето битие и сиромаштво кое мораме да го бараме, а тоа е конкретно сиромаштво за работите од овој свет, како би биле слободни и би можеле да љубиме – рече Светиот Отец и додаде: Секогаш мораме да ја бараме слободата на срцето која има корен во сиромаштвото на самите нас. Не се работи само за откажување од материјалните работи, туку во нешто многу поголемо, затоа што во игра е најдлабокиот дел од нашето битие.

Во согласност со Библијата, Бог му го даде на Адам духот животен – рече Папата и продолжи: Тоа е нашата најинтимна духовна димензија која нè прави човечки личности, најдлабоко јадро на нашето бите. Значи, ‘бедните по дух’ се оние кои се сиромашни и кои се чувствуваат сиромашни, просјаци во интимната внатрешност на своето битие. Исус ги нарекува блажени, затоа што на нив им припаѓа Царството Божјо. Да се биде нешто или некој, денешниот живот се одвива на тие колосеци, кои меѓутоа донесуваат осаменост и несреќа, затоа што тоа значи натпреварување со другите и живеење во претерана загриженост за себе, а тоа пак значи секогаш да се остане радикално непотполн и ранлив.

Ако не прифатиме да бидеме сиромашни, мразиме се она што нè потсетува на таа кршливост – рече Папата и додаде: Нема шминка која може да ја покрие кршливоста. Колку лошо се живее ако се негираат сопствените ограничувања! Се живее лошо, затоа што ограничувањата не се прифаќаат. Тука е проблемот. Арогантните луѓе не бараат помош, не можат да бараат помош, затоа што мора да се покажат сами на себе дека се доволни. Ги има многумина на кои им е потребна помош, но арогантноста им пречи во барањето помош. Многу е тешко да се признае грешката и да се бара простување!

Три збора се тајната за понатамошно заедничко одење на брачните парови: дозволи, благодарам, прости! – рече Светиот Отец и додаде: Тоа се зборови кои доаѓаат од нечие сиромаштво, а барањето простување е најтешката работа. Арогантните тоа не го можат. Не можат да се извинат, затоа што постојано се во право. Не се сиромашни. Меѓутоа, Господ никогаш не се изморува да простува. За жал ние се изморуваме да бараме простување. Уморот за барање опрост е грда болест.

Да се сокриваат сопствените ограничувања е напорно и вознемирувачко, но Исус Христос ни вели да се биде сиромашен е милосна прилика и ни го покажува патот за излез од таа мака – рече Папата и додаде: Не мораме да ја истакнуваме основната работа; дека треба да се преобразиме како би станале сиромашни по дух, ништо не треба да промениме затоа што тоа веќе сме! Сиромашни сме… или уште појасно, сиромашни сме по дух! Сè ни е потребно. Сите сме сироамшни по дух, просјаци сме. Таква е човечката состојба.

Царството Божјо припаѓа на сиромашните по дух, но не царство од материјални добра и удобност, кои имаат свој крај, туку царство кое е изградено од тули со добра, затоа што останатото поминува и после смртта материјалните работи повеќе не вредат – рече Папата и потсети: Често на телевизиските вести или во весниците можеме да видиме како некои моќни и силни владетели или влади паднале. Вчера биле, денес ги нема повеќе. Богатството на овој свет поминува, а парите исто така. Никогаш не сум видел некој после смртта нешто да понесе со себе. Тие богаства остануваат тука. Навистина, владеат оние кои знаат да го љубат вистинското добро. Тие кои знаат да го љубат вистинското добро повеќе од себе, имаат духовна моќ. Тоа е Божјата сила!

Христос ја покажа својата сила, давајќи го својот живот за другите, Тоа е вистинска сила која подразбира слобода произлезена од служењето и братството. Моќта на братството, моќта на милосрдната љубов, моќта на љубовта и понизноста, Христос тоа ни го покажа на дело. Во тоа е вистинската слобода Оној кој ја има таа моќ на понизност, служење и братство е слободен. Во служењето на таа слобода се наоѓа сиромаштвото кое Исус го пофалува во блаженствата – рече Светиот Отец, поздравувајќи ги на крајот пристуните верници и поклоници.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот