Време на создаденото: Папата ги охрабри христијаните да се залагаат за нашиот заеднички дом
На крајот од катехезата на Генералната аудиенција во среда 1 септмеври 2021 година, Папата потсети дека „Време на создаденото“ започнува денес и најави објавување на порака составена заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и надбискупот од Кантербери Џастин Велби.
Во ова време на сериозна планетарна криза, „Време на создаденото“, кое започнува денес, на Светскиот ден на молитвата за грижа за создаденото, е можност за христијаните од различни веросиповеди да се молат и да работат за нашиот заеднички дом – со овие зборови на крајот од катехеза во салата Павле VI, папата Фрањо потсети на традиционалниот екуменски момент што секоја година повикува на обновување на односите со Бога и со сѐ што нѐ опкружува и најави наскоро објавување на порака подготвена заедно со патријархот Вартоломеј и надбискупот Џастин Велби.
Денес го славиме Светскиот ден на молитвата за грижа за создаденото и почетокот на „Време на создаденото“, кое ќе заврши на 4 октомври, на празникот Свети Фрањо Асишки. Годинешната тема е: „Дом за сите? Обновете го Божјиот „оикос“. Заедно со вселенскиот патријарх Вартоломеј и надбискупот од Кантербери, Џастин Велби, подготвив порака што ќе биде објавена во наредните денови. Да се молиме и да се застапуваме, заедно со нашите браќа и сестри од различни христијански деноминации, за нашиот заеднички дом, во овие времиња на сериозна планетарна криза – охрабри папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк