„Врати ми го татко ми“ – писмо на девојче до една марка виски

„Врати ми го татко ми“ – писмо на девојче до една марка виски

Лаура имала само осум години кога ја нападнал таткото алкохоличар, откако починала нејзината мајка. Малку пред смртта напишала писмо до една позната марка виски. Во писмото кое за жал стана еден на духовен тестамент, го моли „Џек“ – веднаш е јасно зошто така го нарекла, да си замине од нејзиниот дом и од нејзиниот живот и да и го врати татко ѝ кој некогаш го имала.

Уморна од алкохолизмот, девојчето го раскажала своето гледање на секојдневното семејно насилство, отсуството на таткото и некои други последици од алкохолизмот.

„Почитуван Џек, не му кажувај на татко ми дека ти го испратив ова писмо, би можел да ми се налути“, го започнува Лаура својот текст.

„Мама ми кажа дека не треба никого да мразиме. Јас и покрај сè не успевам да те мразам, само сакам да те замолам една услуга: излези од нашиот живот.“

„Тато ја загуби работата заради тебе. Моравме да ја продадеме куќата за да ги платиме сметките. Без работа, има малку пари дома за да се купи храна. Мама често гладуваше за јас и мојата сестра да можеме да јадеме.“

Кога паднав од велоспедот сакав тато да ме земе во рацете, но тој беше со тебе. Не му дозволи да дојде на мојот настап по танц и тоа многу ме растажи.“ „Од кога тато те запозна, не се враќа дома пред полноќ. Што правите толку доцна?“ –  прашува Лаура.

А потоа насилство: „Започна да ѝ прави зло на мама, прво со зборови, а потоа со ременот. Кога тоа се случуваше моравме да се криеме кај соседите. Малку по малку како што растев станав вреќа за удирање. Повеќе немаше играчки кој можеше да ги скрши. Не знам што си му кажал па така се промени. Знам само дека мама го сака тато за кој се венчала.

„Те молам одалечи се од него и пушти ни го за повотрно да бидеме среќни“ –  завршува девојчето. Се надевам дека ќе разбереш. Лаура“

Ова приказна на Лаура е доволно сила за да може на сите да послужи како пример. Алкохолизмот е тешка зависнст и за да се бориш против неа потребно е да побараш помош. Лаура го имал целиот живот пред себе, но умрела заради монструмот кој „и покрај сè“ не успеала да го мрази. Нека нејзината приказна ни биде опомена.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот