Во црквата Свети Иван Крстител – Струмица одржана катехеза за Светата Тајна Миропомазание

Во сабота на 29 март во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица се одржа катехеза во рамките на Година на семејството, а на тема Света Тајна Миропомазание – сила на Светиот Дух.

На самиот почеток о. Гоце Костов направи краток преглед на последната катехеза, на која се говореше за светата Тајна Крштение, а потоа премина за Светата Тајна Миропомазание.

Во неа тој се осврна на делови од Светото Писмо каде што се говори за Светиот Дух, односно за Делувањето на Светиот Дух, Ветувањето на Светиот Дух, Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и Црквата, како и за основаноста на оваа света тајна во Светото Писмо.

Во Вториот дел се говореше за самиот обред на поделување на оваа Света Тајна, како и за седумте дарови на Светиот Дух.

Во третиот дел од катехезата се зборуваше за тоа каков треба да биде христијанинот со возрасна вера. При тоа беше истакнато дека треба најпрво да ја познава или да ја запознае својата вера, да ја живеее, да има дела, да е мисионер, аскет…

Катехезата заврши со плодна дискусија. Следната Катехеза е закажана за сабота  5 април 2014 година во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица, со почеток во 19.00 часот, на тема Света Тајна Исповед.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот