Во Струмица одржан свештенички состанок
Во просториите на парохијата Свети Иван Крстител во Струмица на 1 декември 2014 година се одржа редовен свештенички состанок на Апостолскиот егзархат во Македонија, со кој претседаваше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.
На состанокот се разговараше на теми поврзани од административна и пасторална природа. При тоа е направен осврт на Година на семејството, при што е одлучено паралелно со Годината на посветен живот, прогласена од папата Фрањо да продолжи и Годината на семејство за Црквата во Македонија, која е прогласена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.
На состанокот Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов му се заблагодари отец Тома Ангелов за неговата успешно извршувана деканска служба во изминатиот период. За нов декан на деканатот Свети Кирил и Методиј е именуван о. д-р Зоран И. Стојанов, парох во Радово. На состанокот се именувани и членовите на новиот Свештенички и Економскиот совет, како и Консулторскиот колегиум за Апостолскиот егзархат во Македонија.
к.мк/го*ко