Во Рио пристигнаа Крст и иконата на Богородица за Светскиот Ден на млади

Рио де Жанеиро, 11.7.2013 /к.мк/ -Во Рио де Жанеиро пристигнаа Крст и икона на Богородица за Светскиот ден на млади и овде ќе останат до крајот на средбата на младите католици со папата Фрањо од 23 до 28 јули.

Околу 1.500 млади ги носеа двата симбола на Светскиот ден на млади во процесија до црквата свети Јосип каде беа пречекани од организацискиот одбор на Светскиот ден на млади.

Светата Литургија ја предводеше архиепископот Темпеста, а потоа симболите се однесени во катедралата свети Севастијан.

Двата симбола го обиколија светот, а од септември 2011 година и цел Бразил посетувајќи ги не само епархиите, туку и училишта, затвори, трговски центри и бројни заедници.

„На тој начин, Христовата порака дојде до секој човек во Бразил”, рече архиепископот Темпеста.

Крстот висок скоро 4 метри на младите го посвети блажен папата Иван Павле II во 1984 година, додека иконата на Дева Марија е реплика на византиските икони Марија заштитница на Рим која Иван Павле II ја даруваше на младите во 2003 година.

„Овој знак ја прикажува убавината на христијанската вера, потврда за Христовото воскресение со крстот на кој за нас го даде својот живот и истовремено на младите луѓе кои сите овие години во нив гледаат делови од својот живот, своите соништа, своите потраги и радости”, рече рахиепископот.

Крстот и иконата ќе патуваат низ разни делови на Рио де Жанеиро до почетокот на Светскиот ден на млади кога се очекува да пристигнат неколку милиони луѓе во овој бразилски град.Б.У

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<