Во Рим се одржаа духовни вежби за директорите и претседателите на Радио Марија од целиот свет

Во Рим се одржаа духовни вежби за директорите и претседателите на Радио Марија од целиот свет

Директорот на Радио Марија Македонија, отец Гоце Костов, учествува на духовните вежби за директори и претседатели на Радио Марија од различни земји во светот, кои од 10 до 14 октомври 2026 година се одржуваат во „Фратерна Домус“ во Рим.

Духовните вежби се организирани од Светското семејство на Радио Марија, а програмата е исполнета со света Миса, заедничка молитва, духовни предавања, Бројаница, Вечерна, евхаристиско обожавадуховна програма и споделување искуства од работата и мисијата на Радио Марија во различни делови на светот.

Во недела, 11 октомври, учесниците присуствуваа на предавање на отец Ливио Фанзага, советник на директорите на Светското семејство на Радио Марија, по што следуваше разговор и можност за поставување прашања. Во продолжение на програмата отец Микеле Арканџело Леоне одржа предавање тема „Молитвата во животот на Обновата во Светиот Дух“, а вечерта беше посветена на размена на искуства меѓу претставниците на Радио Марија од различни земји.

Посебен дел од духовната програма беше ходочсетието во Асизи на 12 октомври. Учесниците ги посетија базиликата „Света Клара“, светилиштето Спољационе, каде што е телото на свети Карло Акутис, базиликата „Свети Фрањо“ и базиликата „Света Марија на Ангелите“, каде што посветија време за молитва и света Литургија. По враќањето во Рим беше предвидено и ноќно евхаристиско обожавање.

Во програмата на 13 октомври покрај молитвениот дел предавања одржа кардинал Леонардо Сандри и отец Франческо Џозуе Волтаџо на тема „Словото Божјо, дрво на животот“.

Духовните вежби завршија на 14 октомври со учество на света Литургија на плоштадот „Свети Петар“, која беше планирано да ја предводи од папата Лав XIV, по повод завршувањето на средбата за десетгодишнината од објавувањето на апостолската побуда Amoris Laetitia, но поради неговата хоспитализација ја предводеше кардинал Тагле.

Средбата во Рим е можност претставниците на Радио Марија од различни земји да го обноват својот духовен живот, да ја продлабочат мисијата на радиото и да разменат искуства од своето служeње во евангелизацијата преку медиумите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот