Во пресрет на Светскиот ден на млади

Рио де Жанеиро, 23.5.2013 /к.мк/ – Два дена пред почетокот на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро, кој ќе се одржи од 23 до 28 јули, околу двеста млади евреи, католици и муслимани ќе се сретнат во Рио за да се запознаат меѓусебно и да покажат вистинска иницијатива за меѓурелигиски дијалог. Како што пренесува католичката агенција СИР, средбата ќе се одржи на 21 јули во подготвена од организаторите на Светкиот ден на млади, кои ја нарекоа средбта „посебен историски настан“. Оваа средба беше предиведена со програмата за Светскиот ден на млади, а исто така епредвидена и една екуменска средба на која млади од христијански цркви за време на одржувањето на Светскиот ден на млади ќе се сретнат во една англиканска црква.

На овие средби претставниците на христијанските цркви ќе говорат за сопствените искуства на верата, како и за напорите кои ги преземаат за оставруање на соживот и помирување. Иницијативата е преземена од праксата во Рио, каде еднаш месечно се собираат христијани, муслимани и евреи поттикнувајќи взаемно да се почитуваат и разбираат. За нас претставува голема чест да се учествува на Светскиот ден на младите, а ова ќе биде прв пат и тоа ќе биде историски настан – изјавиле муслиманските лидери.

Според објавената службена програма, папата Фрањо ќе претстојува од 22 до 29 јули во Бразил по повод 28 Светски ден на младите, кој ќе се одржи во Рио Де Жанеиро под мотото „Одете и направете ги сите народи мои ученици“. Пред средбата со младите папата ќе го посети Богородичното светилиште во Апарецида. Во понеделник на 22 јули во 16.00 часот по локално време Светиот Отец ќе слета на меѓународниот аеродром во Рио, а во 17.00 часот во палатата Гуанабера ќе се сретне со претседателката на Бразил Дилма Русеф. Во вторник, 23 јули, Светиот Отец, нема да има службени обврски.

Во среда, 24 јули, Папата ќе замине во светилиштето во Апарецида, каде во 10.30 часот ќе служи света Литургија, а потоа ќе се сретне со месниот епископ и семинаристите од семинаријата во Апарецида. Во 18.30 папата Фрањо ќе ја посети болницата за рехабилитација на зависниците од дрога и алкохол.

Во четврток 25 јули, Папата во палатата во Рио во 9.45 часот ќе ги благослови олимписките знамиња, а во 11.00 ќе ја посети преуредената сиромашна населба, а во 18.00 часот младите ќе му посакат добредојде на Светиот Отец. Во петок 26 јули, папата во 10.00 часот во еден парк ќе исповеда млади, а во 11.30 часот во епископскиот двор ќе се сретне со неколку млади затвореници. Во 12.00 часот ќе моли Ангел Господво од балконот на епископската куќа. По ручекот со младите во епископскиот двор, во 18.00 часот Папата ќе ја започне побожноста Крстен пат. Во сабота 28 јули, Светиот Отец со почеток 9.00 часот ќе предводи светата Литургија во катедралата во Рио, а во 11.30 часот во општинскиот театар ќе се сретне со градските власти. После средбата ќе руча со кардиналите од Бразил, претседателството на Епскопска конференција на Бразил, локални епископи и нивната придружба. Оттаму Светиот Отец околу 12.30 минути ќе пристигне во Кампот на верата (Campus Fidei) во Гуаратиби, каде со младите ќе има бдение. Во недела 28 јули, папата Фрањо Во Кампот на верата ќе служи света Литургија по повод Светскиот ден на млади, а од таму ќе го моли и Ангел Господов. Истиот ден во 16.00 часот во студентскиот центар Сумаре е предвидена средба со управниот одбор на Советот на епископи од Латинска Америка и Карибите, а потоа че се сретне со волонтерите на Светкиот ден на млади. Во 18.30 на меѓународниот аеродром Светиот Отец ќе се испрати од своите домаќини и околу 19.00 часот ќе полета за Рим. Авионот на Светиот Отец се предвидува да пристигне во Рим на 29 јули околу 11.30 часот.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<