Во подготовка трет Светски конгрес на црковните движења

Започнаа подготовките за Третиот светски собир на црковните движења и новите заедници кој под покровителство на Папскиот совет за лаици од 20 до 22 ноември ова година ќе се одржи во Рим. Собирот под мотото „Радоста на Евангелието: мисиска радост“, ќе се одржува во меѓународниот папски колегиј „Марија Мајка на Црквата“(„Maria Mater Ecclesiae“), а ќе учествуваат на повик на Папскиот совет за лаици, делегати на меѓународната заедница од целиот свет кој се во траен дијалог со ватиканската дикастерија.

Темата на средбата е вдахновена од еден израз од Апостолското писмо „Радоста на Евангелието“ на папа Фрањо кое вели: Евангелската радост, која го исполнува животот на заедницата на учениците е мисионерската радост (…). Секогаш е исполнета со динамиката на излегувањето и дарот; излегување од себе, одење и ново садење секогаш некаде на друго место. Господ вели: „Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, зашто затоа сум излегол.“ (Мк 1,38). Кога семето е посеано во некое место, веќе тука не се задржува, туку Светиот Дух го поттикнува да оди кон други места.

Апостолското писмо „Радоста на Евангелието“ објаснува Папскиот совет за лаици, изгледа како вистински потсетник за црковните движења и новите заедници. Во тој документ потребата за нова евангелизација, обележена со радост, пријатна и утешна радоста на навестување на Радосната вест, Папата ја смета за примарна цел за одот на Црква во нашето време. Главната цел на конгресот е уште повеќе да ги осветли и охрабри за радосно прифаќање од страна на црковните движења и новите заедници повикот на Папата за да се влезе во динамиката на мисионерското излегување.

Свое учество на Конгресот пријавија 80 меѓународни заедници и повеќе од 55 основачи и одговорни за разни заедници по целиот свет; во текот на одружувањето на Конгресот нив ќе ги следат неколку епархиски епископи и стручњаци од Римската курија како вистински израз на црковното заедиштво. Подготовката на когресот се заснова – како што рече кардинал Станислав Рилко, преседател на Папскиот совет за лаици – на повикот на Папата да се гради Црквата во излегувањето, таа да биде протагонист на сопствената мисионерска преобразба, исто така и преку придонесот на црковните движења и новите заедници, бидејќи се „цврсти и мали заедници, движења и другите облици на здружување, богатството во Црквата кое Светиот Дух го подигнува, Евангелието да се навестува во сите средини и подрачја.

Целта на Конгресот кој ќе се одржи во ноември – како што напомена епископот Јосеф Клеменс секретар на Папскиот совет за лаици – да се изнесе јасен и одлучен одговор на црковните движења и новите заедници да се гледа нивниот придонес во мисионерското будење на целата Црква. Конгресот ќе се одвива – додаде епископот – во знак на средба, дијалог и разменување на искуства. Нема да има академско обележје; стручњаците нема да држат научни предавања, туку ќе има размена на идеи, размислувања и искуства. Учесниците ќе учествуваат во посебни дебати, а за време на пријателските дружења протагонистите на конгресот ќе ги делат со сите своите забелешки и евалуација на предложените теми.

Потсетуваме, претходните светски конгреси одржани се во 1998 и 2006 година, истовремено со  средбите со спомнатите црковни реалности со папите Иван Павле II и Бенедикт XVI кога заедно размислувале за итните и неодложни теми кои се однесуваат на идентитетот и посланието на здруженијата на верници во Црквата и во светот.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот