Во Паљурци се молеше Молебен до Пресвета Богородица

Во Паљурци се молеше Молебен до Пресвета Богородица

На празникот Собор на светите апостоли, 13 јули 2020 година во Паљурци на местото каде треба да се гради црквата „Свети Павле“ се одржа Молебен до Пресвета Богородица. Молебенот го предводеше монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, а присуствуваа свештеници, чесни сестри Евхаристинки и семејства. По завршувањето на молебенот се молеше света Бројаница.

Потоа епископот Стојанов се обрати до присутните истакнувајќи ја важноста на Паљурци за Католичката црква, како и Заветните денови кои се молат на ова место на празниците на „Свети Павле, во јули и „Раѓање на Пресвета Богородица“, во месец септември. Тој истакна дека оваа година се навршуваат 100 години од смртта на сестра Еврозија Алоати, основателка на монашката заедница сестри Евхаристинки и 100 години откако е преселена Генералната куќа од Паљурци.

За време на средбата сите присутни ги одржуваа мерките за безбедност.

к.мк

Паљурци: Молебен до Пресвета Богордица

Категорија: Вести, Македонија

За авторот