Во недела Македонија моли за мир во Украина
Во недела на 18 мај 2014 година под мотото: „Македонија моли за мир во Украина“ – во храмовите на Католичката црква низ цела Македонија ќе се моли за мир во Украина, да престане оружјето да надвладее разумот.
Во Скопје, д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Македонија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во 10.30 часот ќе ја предводи Понтификалната свeта Миса, на која се добредојдени сите добронамерни луѓе кои се за мир во Украина и светот.
К.мк.
Категорија:
Македонија