Во Крижевци почина фоколаринот Иван Брегант

Во недела 17 мај во Крижевци почина Иван Брегант, фоколарин, кој од 1966 до 2008 година е соодговорен за движењето на Фоколарините на подрачјето на Југоисточна Европа.

Погребот започнува со Миса задушница во катедралата Пресвето Троиство во Крижевци  на 20 мај со почеток во 14.00 часот.

Иван Брегант е роден 1938 година во Цеље. Неговото семејство пред Втората светска војна се преселува од Словенија во Горице, Италија.

Откако во 1994 година Центарот на Фоколарините за Југоисточна Европа ќе се премести во Крижевци Иван Брегант живее во Хрватска.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот