Во Камерун киднапиран свештник

Во Камерун киднапиран свештник

На југозападот на Камерун сепаратистите го киднапираа генералниот викар на бискупијата Мамфа монс. Јулиус Агбортоко и побараа откуп околу 30.500 евра, пренесе агенцијата Kathpress на 31 август.

Според пишувањето на порталот „Cameroun Actuel” свештеникот за викендот престојувал во Кокомуми каде ја благословил парохиската куќа, а на враќање во неделата попладне го нападнала и киднапирала вооружена сепаратистичка група. Медиумите шпекулираат дека сепаратистите всушност имале намера да го киднапираат надбискупот Францис Теке Лисинг.

Во Камерун свештениците често се жртви на киднапирања заради откуп. Сепаратистите киднапираат и ученици и учители од црковните училишта. Од почетокот на кризата во земјата заради различни групи кои бараат одвојување од франкофонскиот дел на Камерун и голем број жители истакнуваат дека ги издала владата во Јаоунде. Од 2016 година животот го загубија повеќе од 3500 луѓе, а повеќе од 750.000 се во бегство. Насилството над цивилите го користат и сепаратистите и државните безбедносни сили.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот