Во Гевгелија прославен патрониот празникот

Во Гевгелија прославен патрониот празникот

Со Света архиерејска Литургија предводена од Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов со сослужение на о. Тома Ангелов и парохот о. Димитар Ташев во петок 12 јули 2019 година свечено беше прославен патрониот празник на парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија.

Во својата проповед епархот Стојанов ги охрабри верниците со животот и делата на светите Петар и Павле и ја истакна нивната љубов кон Бога. Петар како голем исповедник на верата, а Павле како голем проповедник на радосната вест.

На светата Литургија присуствуваа голем број верници, гости – сестри Евхаристинки со својата провинцијална с. Стефанија од Скопје и голем број деца, кои на крајот од светата Литургија беа благословени од бискупот Стојанов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот