Во Бразил е поставен споменик „Исус бездомник“ – статуа која ни помага да го препознаеме Исус во маргинализираните. Посетителите веднаш во бездомникот го препознаваат Исус, благодарејќи на белезите од клинците, кои се наоѓаат на неговите нозе.
Кардиналот на Рио де Жанеиро, надбискупот Орани Темпеста кој во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на сиромашните ја благослови оваа статуа, која е поставена покрај катедралата, а е подарок на надбискупијата од канадскиот уметник Тимоти Шмалц, пренесува Crux Now.
Човештвото никогаш нема произведено толку богатство како денес, но истовремено и немало толку многу сиромашни“, изјави надбискупот Темпеста. Статуата е изработена од бронза и го прикажува Исус како лежи на клупа, со боси нозе и покриен со ќебе.
Оваа статуа нѐ поттикнува да размислуваме за оние кои живеат на улиците како наши браќа и сестри. Папата нѐ повикува да го препознаеме Исус во бездомниците“, изјави отец Клаудио Сантос.
Оргиналната статуа „Исус бездомник“ е поставена во 2013 година во Торонто, кај теолошкиот факултет на Исусовците. После тоа негови копии се инсталирани во Даблин, Рим и уште неколку американски градови. Уметникот дојдел на идеја на овој оргинален начин да го претстави Хрисотс, кој после божиќните празници видел еден бездомник, кој спие на отворено, на клупа. Кога ќе видиме маргинализирани лица би требало во нив да го видиме Исус – истакнува уметникот.
Битно нет/к.мк