Канцеларијата за печат при Светиот Престол во понеделник, 27 февруари 2023 година, објави дека папата Фрањо во април 2023 година ќе патува во Унгарија
Канцлеаријата за печат при Светиот Престол во понеделник, 27 февруари 2023 година, соопшти дека Светиот Отец ја прифатил поканата на граѓанските и црковните власти и ќе ја посети Унгарија од петок, 28 април до недела, 30 април 2023 година.
На своето 41. Апостолско патување во странство, папата Фрањо ќе престојува само во Будимпешта, главниот град на Унгарија.
Повеќе од половина Унгарците се христијани, а најмалку 37 проценти од населението се идентификуваат како католици.
Од почетокот на војната во Украина, според локални извори, речиси милион украински граѓани патувале низ Унгарија како бегалци.
Близина до Унгарија
Во септември 2021 година, Римскиот бискуп беше во еднодневна посета на Будимпешта, каде што претседаваше со завршната света Литургија на 52. Меѓународен евхаристиски конгрес.
Во август 2022 година, Папата на аудиенција ја прими унгарската претседателка Каталин Новак. По тој повод, тие разговараа за некои прашања од заеднички интерес, како што се семејството, промовирањето на културата на животот, младите и положбата на христијаните на Блискиот Исток. Меѓу темите беше и војната во Украина, а двете страни ја истакнаа важноста за залагањето за мир.
Ватикан њуз/к.мк