На интернет страниците на Ватиканските музеи се достапни седум виртуелни тури за уживање во чудата на тие институции, привремено затворени за јавноста заради актуелната вонредна здравствена ситуација. Со клик на „глушецот“ по виртуелен пат, пред мониторот на компјутерот, на паметен телефон или таблет е можно да ги разгледате папските колекции кои ја сокриваат безвременската убавина на многу ремек дела.
На интернет страницата www.museivaticani.va е можно виртуелно да се разгледат седум изложбени простори односно Сикстинската капела, музејот „Pio Clementino,“ музејот „Chiaramonti“, „Braccio Nuovo (Ново крило), Собата на Рафаел, капелата Николин и Sala dei Chiaroscuri. Виртуелните посетители може да го истражат секој од тие простори, свртувајќи ја камерата во сите насоки и фокусирајќи се дури и на најмалите детали на поединечните дела репродуцирани во висока резулуција.
Освен тоа, официјалниот профил на Инстрагам @vaticamuseums секојдневно нуди детали за ватиканските ремек-дела, пропратено со кратки описи кои помагаат во разбирањето на професијата и значењето на многу, малку или најпознати дела. Напоменуваме на крајот дека Ватиканските музеи во согласност со мерките на италијанските власти сигурно ќе бидат затворени за јавноста од 9 март до 3 април, а може и подолго.
Ватикан њуз/к.мк