Светиот Отец идната среда го започнува Апостолското патување во Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус. Неговата прва постојка е Мапуто главниот град на Мозамбик каде ќе се сретне со политичките официјални претставници, ќе има екуменска средба со млади, ќе се сретне со клерот и ќе служи света Литургија за локалните католици.
Зборувајќи на португалски јазик во видео пораката папата Фрањо рече дека неговото срце пружа рака за да ги прегрне сите жители на Мозамбик. Некои се надеваа дека ќе ги посети подрачјата кои ги погоди циклонот „Идаи“ на почетокот на оваа година, што предизвика уништување и загуба на животот, посебно во приморскиот град Беир. Најмалку 600 луѓе загинаа, додека бурата донесе масовни поплави и силни ветрови. Но, папата Фрањо не ги заборави, зборувајќи дека неговата братска прегратка посебно се однесува за „оние кои живеат во тешки ситуации.“
„Би сакал да ве оставам со сигурноста: сите сме во моите молитви. Се радувам што ќе ве запознаам,“ рече Светиот Отец
Светиот Отец се заблагодарува на претседателот на Мозамбик и на католичките епископи за поканата за посетата. Ги повикува сите да се молат со него за процесот за помирување која е во текот во земјата. Папата рече дека во Мозамбик и во цела Африка потребно е „братско помирување“, нарекувајќи го „единствена надеж за цврст и траен мир.“
Католичката Црква посебно преку заедницата Свети Егидиј, неуморно работи на постигнување на мировен договор помеѓу завојуваните страни. Владеачката партија Фрелимо и поранешното герилско движење „Ренамо“ потпишаа на почетокот на август 2019 година траен прекин на огнот. Повеќе од милион луѓе се убиени во граѓанската војна во Мозамбик од 1977 до 1992 година кога траеше примирието со повремено распламнување на насилството.
Папата Фрањо ја спомнува и посетата на светиот папа Иван Павле II во 1988 година кога сѐ уште траеше граѓанската војна. Светиот Отец рече дека патувањето ќе му овозможи да виде како семето на мирот кој го сеел неговиот претходник, расте.
„Ова патување ќе ми овозможи да ја запознаам католичката заедница и ја утврдам во сведочењето на Евангелието кое го потврдува достоинството на секој маж и жена и бара да го отвориме своето срце за другите, псебно за сиромашните и оние во потреба,“ рече Папата.
Папата изразува благодарнст до оние кои со својата напорна работа и молитва се подготвуваат за неговата посета. „Се гледаме наскоро“, порача Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк