Вероника го следи Исус на Крстниот пат
Децата веќе се во дворот. Си играат. Барем тие нека не растат уживајќи во туѓото сtрадање. По кратко време почувствувв силна болка во срцето. Оставајќи сè, тргнав. Ја видов Саломија како плаче склопчена на страна. Тоа мора да e некој од нејзиното семејство, си помислив. Марија Магдалена завиткана во солзи ја пружи раката кон судот со крик: Пуштете ми го Учителот! Пуштете ми го Господ!
Пријдов поблиску и го здогледав Него, Исус веќе крвав. Колку сме немилосрдни, си помислив. Исуса го познавам. Го слушав кога зборуваше да се сакаме, да не се распнуваме со омраза едни со други… Да Тој е! Сака поблиску до Него! Тивок и болен шум на мојата душа: Нема Господи да Те распнат, нема да Те плукаат и да хулат против Тебе. Само сакам да стојам блиску до Тебе. Гледај! Не сме сите против Тебе! Но оние кои го чуваат својот трон ти судат, а Ти си невин. Кога во еден миг те удураа по лицето и така гнасно плукаа на Тебе изговарајќи зборови за смрт срцето ми смрзна. Не дадов солзите да ми сметаат на патот до Тебе. Киринеецот целиот во пот ми шепотеше: Му помогнав. А што, што му помогна? Прашав. Го носев неговиот крст, одговори. Замолчев и се преиспитав. Крст? Неговиот крст? Нашиот крст… Белата крпа е чиста како сонце во која пред излегување го замотав своето лице. Се чепнав и со него го избришав неговото лице, а Тој нежно ме погледна и ми кажа: Ти благодарам Вероника!
О, Учителе! Учителе мој, која љубов! Ти благодарам! Никогаш нема да ги заборавам твоите зборови. Ти го изговараш моето име, ти ме препознаваш во таа маса, ти ме препознаеш во својата мака.
Ме турнаа од Него како лудаци, а јас ја задржав крпата. Останав на страна за да ја исплачам својата болка. Ја милувам таа крпа која ја зедов со капките на неговата крв и солзи. А тогаш на неа го здогледав Светото лице… Тоа беше за мене, за утеха. Голгота! Голгота! Не можам повеќе ниту да мислам. Таму ќе биде неговиот крај. Го бакнувам лицето на крпата и зборувам: Немој да нè оставиш. Ние те сакаме, ние не те распнуваме. Биди посилен од нивната смрт. И во овој момент се сеќавам дека никој и никогаш не зборувал толку убаво како ти. Свето е твоето Срце и твојот дух нека нè не остави. Ние сме овде. Сираци сме без Тебе Исусе!
Мајка Марија со мал број од неговите ученици поминува сака, да биде што поблиску до својот Син. Мајката во болку едвај оди, но силна е и цврста. Реков: Мајко! Мајко! Твои деца сме! Погледни нè. Малку сме, но со тебе сме. Двајца познати разбојници кои сееја страв во градот ќе бидат на крстот заедно со него. Ох, па тоа е невозможно! (…) Исусе Ти си тука! Не можам да Ти се приближам. „Нека го пуштат Варава“, во судот слушнав извици. А Ти Ти ќе умреш затоа што се бореше за доброто на секој. И за мене. Повторно Варава ќе „варвари“ и ќе го сее семето на злото во корист на властодршците. Луд е овој народ. Дигнете се патријарси, Аврааме, Исак и Јакове! Посипете го овој народ со пепелот на преобраќањето…
Темнина се надвисна и над Голгота, прсна од небесата громовни стрели. Се стресоа вратите на одаите на Кајафа и Ана. Темелите на палатата на Ирод се растересоа. Храмот се скрши во срцето и се раскина неговата завеса. Барем да се раскинат срцата со каење заради грешните дела, а не вратите, не облеките свештенички и на владетелите. Тогаш одекна неговиот глас: Оче прости им не знаат што прават. А масата замолкна и никој не кажа: Прости ми и ти мене! Никој освен еден разбојник кој Исус го поведе во своето царство. И биде: Свршено е!
Ја гледав Мајката која мртов го љуби во својата прегратка, му ја брише крвта и злосторничката плунка. Сине мој! Сине мој! – се слушна глас од нејзината душа. Тогаш нè погледна нас. Тоа беше поглед на надеж, поглед на победа. Тивко прошепоти: Не плашете се деца, ова е само почеток на нов живот. Срцата ни се разгореа. Ја притиснав на градите уште посилно и потопло онаа крпа со неговото свето лице. А по три дена како што и самиот говореше, гробот остана празен. Саломија, Марија и Иван и другите жени го виделе. Се јавил и на неговите ученици: Го видовме Господ. Жив е! После нив го видоа и други. Исус воксресна!
Исус го победи секое зло, секое страдање и болка отворајќи ни ја вратата на убавината на своето Царство. Затоа да не дозволуваме да има зло на очите, зло во семејството, во својот народ, својата Црква и својот свет. Вавилонските кули на богатството и горделивоста го имале својот крај. Истиот крај ќе го имаат и денешните вавилонски кули.
Ако ги живееме Исусовите зборови: Љубете го Бог… Љубете се едни со други како што јас ве љубам тогаш навистина е Велигден затоа што живееме со Воскреснатиот Господ.
С. Лидија Главаш/Гласник Мира/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк