Велики Четврток

Велики Четврток

Вака отприлика според Евангелијата изгледал четврток во Страсната седмица во времето на Исус

Денес на Велики Четврток Црквата се потсетува на Последната вечера, на која Господ Исус Христос во пресрет на своето страдање и смрт ги воспостави светите Тајни Евхаристијата и Свештенствo.

Таа иста ноќ Исус ни дава нова заповед, а тоа е заповедта на братската љубов. Се спомнуваме на Последната вечера на која Господ Исус Христос на сите ни се дарува за спасителна храна, лек на бесмртноста, односно Евхаристијата, извор и  врв на христијанскиот живот.

Во тоа таинство на спасение Господ ни се нуди и се остварува во него најинтимното можно единство на нашиот и неговиот живот.

Со понизното и посебно впечатливиот чин на миење нозе, повикани сме да се потсетуваме и да го правиме она што самиот Господ го направи на своите ученици, миејќи им ги нозете. Со тој чин ја покажа важноста на меѓусебното служење, односно дарување на самиот себе. Со тоа Исус ја навестува најголемата жртва, својот живот како дар на служење, која пак ќе се случи ден покасно на Голгота.

После читањето на дванаесетте Евангелија во Црквата, според обичајот верниците треба да потонат во молитва и размислување за неговото страдање, како уште подлабоко би ја доживеале во себе смртната борба во Гетсиманската градина.

ОСЗД/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот