Ватикан ќе ги подржи семејствата во Светата земја

Ватикан, 17.4.2013 /к.мк/ – Ватикан ќе ги подржи семејствата во Светата земја. Поради тоа Папскиот совет за семејства формираше една нова фондација, објави во понеделник претседателот на ватиканските институции. Архиепископот Винченцо Паглија ги претстави целите на новата фондација со ознаката „Интернационален центар за семејства – Назарет“, односно во Назарет ќе се формира една нова фондација за семејства. Затоа ватиканската фондација ќе го подржи финансиски овој проект, соопшти архиепископот Паглија. Новиот центар треба да им помогне на домашните семејства, како на родителите така и на децата, кои се упатуваат на поклонение во Светата земја. Како носител на фондацијата во Назарет Папскиот совет за семејства ја назначи заедницата „Движење за духовна обнова“

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<