Светиот Престол е присутен со свој сопствен павилјон на саемот Експо во Дубаи кој е отворен во четвртокот на 30 септември. Во соопштението од Папскиот совет за култура кој го води кардиналот Џанфранко Раваси, ватиканската изложба се опишува како „трезна“, а павилјонот прикажува „средба на естетиката, науката и верата.“
“Deepening the Connection” – „Продлабочување на врската“ тоа е мотото на павилјонот кој го осмисли свештеникот Томаш Трафни и архитектот Џузепе Ди Никола. На него е прикажа репродукција на фреска од горната асишка црква која ја прикажува средбата на свети Фрањо со египетскиот султан Малик ал -Камил пред 800 години.
На павилјонот се прикажува и свечено издание на „Декларацијата за човечкото братство“ кој папата Фрањо го потпиша во текот на својата историска посета на Абу Даби во февруари 2019 година. Текстот го потпиша и високиот претставник на исламот Египтјанецот Ахмет ал Тајеб
Понатаму, тука се и униформите на Швајцарската гарда, како и неколку ракописи од ватиканската Апостолска библиотека.
Павилјонот ќе биде отворен до 31 март следната година.
Ватикан њуз/к.мк