Во заеднички апел објавен на 2 јули Светиот Престол, Светскиот лекарски сојуз и Германската сојузна лекарска комора побараа достапност на вакцините во целиот свет и борба против лажните информации.
Во документот се предупредува дека од одлучувачка важност во актуелната светска здравствена криза е да се подели вакцина против коронавирусот во сите краишта на светот и да се запре секоја иницијатива заснована на ширењето на лагата за вакцинирањето.
Тоа пак значи дека треба да се работи на ширењето на информации за безбедноста и неопходноста од вакцинирање за да се запрат „fake news“, истакна префектот на Папската академија за живот на конференцијата за медиумите во Ватикан јули после меѓународната тркалезна маса на спомнатите институции на тема „Ковид-19 и вакцинирање“ на 1.
Во соопштението се предупредува дека пандемијата со коронавирусот ја разоткри опасноста од национализам во вакцинирањето – додека богатите земји имаат можности и ресури брзо да склопуваат билатерални договори со фармацевските компании, сиромашните земји заради финансискиот притисок и недостатокот на производни капацитети се во многу неповолна положба. Вакцината мора да биде достапна до секој и насекаде, без оглед на финансиските можности, порача надбискупот Паглија. Заради тоа треба да се најде рамнотежа помеѓу легитимните патентни права на фармацевските компании и потребата на општествата во целина. Патентите не смеат да се гледаат како апсолут.
Претседателот на Светскиот лекарски сојуз Франк Улрич Монтгомери предупреди дека моментално пристапот до вакцина против Ковид-19 има многу мал процент до светското население и порача дека е морална обврска да се надмине таа неправда. Вакцината не штити само поединци, туку целото население, а пред сѐ слабите и болните кои не можеле да се вакцинираат.
Водачот на меѓународната канцеларија на Германската лекарска комора Рамин Парса-Парси истакна пак дека пандемијата повеќе од било кога порано ја направи очигледна важноста за соработка и размена како во светот воопшто така и меѓу различните дисцилини. Свесни сме дека животите не ги спасува вакцината по себе, туку актуелното вакцинирање – рече Парса-Парси.
Папската академија за живот и двата лекарски сојузи се одлучни во заедничкото ангажирање против скептичноста кон вакцинирањето која е последница на негативните искуства со здравствениот систем, но уште повеќе ширењето на лажни информации и митови, посебно на социјалните мрежи. Затоа сите ги повикуваат да имаат доверба во вакцинирањето против Ковид-19 затоа што „ниту едно медицинско, откритие не спасило толку многу животи и спречило толку страдање.“
Надбискупот Паглија исто така предупреди на опасноста од наметнувањето на западното сфаќања на медицината во другите делови на светот, затоа што довербата се заснова на чесни меѓународни односи. Во целиот свет различни се приоритетите, во Африка имено повеќе луѓе умираат од маларија или туберколоза отколку од Ковид-19: недостаток на санитарни услови питка вода за многу луѓе се голема закана. Против пандемиските мерки мора да ги земат во обзир тие структурални проблеми – порача надбискупот Паглиа.
Ика/к.мк