Црковната наука за бракот не е збир на крути правила чија цел би била наметнување на одреден семеен модел. Токму спротивното: бракот е, можеме да кажеме, „враќање на природата“, длабоката природа на мажот и жената какви што Бог ги создал.
„По Божјиот план женидбата е темел на широко заедничко семејство“ – зборува Иван Павле II и ја одрзува традиционалната наука на Црквата. Па сепак, поимот „семејство“ денес покрива многу различни сфаќања: традиционално, невенчани парови, семејство составено од повеќе семејства, семејство само со еден родител, полигамни бракови, хомосексуални… Може ли во тој контекст и понатаму да се зборува дека бракот е темел на семејството?
Црковната наука за бракот не е збир на крути правила чија целта би била наметнување на одреден семеен модел. Токму спротивното: бракот е, можеме да кажеме, „враќање на природата“, длабоката природа на мажот и жената какви што Бог ги создал. Ѓаволот го уништува тој склад, но Исус повторно го воспоставува и посветува. „Повикот за женидба е напишна во самата природа на мажите и жените какви што произлегле од рацете на Создателот. (…) доаѓајќи за да го обноват изворниот ред на создавњето, нарушен од гревот, Тој сам дава сила и милост за живеење во брак во нови мерила на царството Божјо. Црвката ништо не изземала: таа зема во обзир она што е.
Бракот не е само денот на венчавање. Ако бракот се сведува на обред со свештеникот (е сфатен на ист начин како и обредот на општината), ако луѓето се венчаваат во црквата затоа што тоа е посвечено или е затоа што е задолжителен ритуал, тогаш тој пристап не може никого да го воодушеви, па добро ги разбираме младите луѓе кои не сакаат да подлегнат на нешто што им изгледа извештачено. Но, бракот не е само прашање на ритуал: во текот на целиот брачен и семеен живот милоста на женидбата е како бескрајно богатство од кое сопружниците секогаш можат да црпат. Да стекнеме навика да зборуваме за бракот, да сведочиме за својот брак како за сила која што ни е пружена за секој посебен ден, како Љубов која ја храни нашата љубов. Ги обележуваме годишнините од бракот, не како носталгични комеморации на некој убав ден од минатото, туку како воодушевување на славењето на една засекогаш жива и присутна реалност.
Секогаш жива реалност? „Ма немојте да зборувате, тоа важи само за мал број луѓе… А што е со оние кои помеѓу себе се уништуваат, кои се оставаат или стануваат странци еден кон друг?“ Да нагласиме најнапред дека, иако многу се зборува за семејства кои се распаднале или за разведени бракови, соединувањето на семејството сепак е во поголем обем. Немојте да заборавите ниту на најважното: христијанскиот брак е во тројка, во него сопружниците заедно со Господа. Ако се случи сопружниците да бидат неверни, Бог секогаш останува верен. Во Бог е реалноста за бракот која е секогаш жива. Убавината на христијанскиот брак ја прави љубовта на сопржуниците, но и непоколеблива верност Божја, како и нежност со која тој ја чува брачната љубов, па дури и тогаш кога во очите на другите доаѓа до распад на бракот. Кога човековата љубов изгледа мртва, Божјата останува. Оттаму и силата на оние кои после распадот на бракот не влегуваат во нов брак, туку остануваат верни на својот христијански брак: тие знаат дека не се сами затоа што Бог е со нив, во троен сојуз.
Столчето за да биде стабилно, потребни се барем три нозе. Семејството кое почива во брак седи на троножец, додека семејството кое не почива на брак како да седи на столче со две нози, а таа рамнотежа е несигурна. Ова споредба е навистина тромава бидејќи трите нози во бракот не се од иста природа, но сепак: сликата на троножецот ни вели дека за стабилно седење товарот на телото мора да почива на три нозе. Но, што е тоа што често се случува, па дури и во христијанските семејства? Се потпираме само на двете нозе (сопружниците) и забораваме на Третиот…
Битно.нет/к.мк