На 26 декември 2017 година бендот ,,Агапе” одржа Божиќен концерт во својата парохиска црква, катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје, придружуван од две виолинистки од средното музичко училиште ,,Илија Николовски Луј”, Емилија Грковска и Мартина Спасовска од класата на професор Зоран Џорлев и Магдалена Дрмач, виолончело, од класата на професор Александра Јаневска.
Концертот започна со Емилија и Мартина (виолина) кои изведоа композицијата од Пахелбел, канон и Магдалена ( виолончело), дело, Рудолф Мац, дел од Сонатина. После прекрасните звуци на виолина и виолончело следуваше бендот ,,Агапе” кој изведе шст божиќни песни на повеќе, а меѓу песните кратки рецитали читаше Ена Абјаниќ. Звукот на гитарата, пијаното и флејтата во комбинација со вокалистите на бендот повторно го оживеаја духот на Божиќ и измамија насмевка на сите присутни меѓу кои беше и монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, кој на крајот ја изрази својата благодарност, но и задоволство што младите заедно се здружија и го овозможија овој божиќен концерт. Тој искажа благоданост и до парохот дон Давор Топиќ кој е голема поддршка за самиот бенд, како и за младите.
к.мк