Богопосветените лица од Скопје му го честитаа празникот Воскресение Христово на бискупот Стојанов

Богопосветените лица од Скопје, на 20 април 2019 година го посетија Скопскиот бискуп и епарх Струмичко-скопски монс. д-р Киро Стојанов во бискупската резиденција и во таа прилика му го честита празникот Воскресение Христово.
Обраќајќи се до до бискупот Стојанов, сестра Текла од редот на Мисионерки на љубовта, а во име на сите богопосветени лица од Скопје зборуваше за три премини односно три мали Пасхи за нашата мала црква: Инагуацијата на Струмичко-скопската епархија, обновата на катедралата во Скопје и најавата на Апостолското патување на Светиот Отец во Македонија. Истакнувајќи ја убавината и силата на Христовото Воскресение сестра Текла во име на сите Богопосветени лица во Скопје посака благословен празник Воскресение Христово.
к.мк