Си бил некој богат човек. Тој бил дарежлив и со задоволство им помагал на другите. До неговата куќа имало еден сиромав на кој не му било важно изобилството, туку тоа што го имал, го распоредувал така за да врзе крај со крај.
Во една прилика богатиот, занесен од своите добрини зборувал пред луѓето кој колку е вреден, со желба да се потсмевне на својот сиромав сосед, рекол:
-Гледаш ли колку помагам? А ти, како живееш, немаш доволно ниту за самиот себе.
Сиромавиот го погледнал, па му одговорил:
-А кога ти би знаел, колку пати на луѓето во неволја сум и дал сѐ што имам, до последниот денар? Ајде, ти направи го тоа само еднаш!
Богатиот тогаш го спуштил погледот и засрамено се оддалечил чувствувајќи многу погледи на својот грб.
Божидар Просењак/Софија Бојаџиска/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк