Близина на Папата со настраданите во поплавите во Европа и со населението во Јужна Африка и Куба
Папата во пладневниот наговор по молитвата Ангел Господов во недела 18 јули 2021 година, изрази близина до населението во Германија, Белгија и Холандија, поттикна на мир и хармонија во Јужна Африка и повика Господ да му помогне на народот во Куба да изгради поправедно и побратско општество.
По молитвата Ангел Господов Папата изрази близина до населението на Германија, Белгија и Холандија, погодени од катастрофалните поплави и упати до Господ молитва да ги прими починатите и да ги утеши нивните семејства.
Потоа се осврна на насилството кое ја отежнува состојбата на народот во Јужноафриканската Република која веќе трпи заради економските и здравствените неволји предизвикани од пандемијата. Соединувајќи се со локалните епископи Папата ги повика сите одговорни да работат со цел мир и соработка со властите за на оние во потреба да им се пружи помош. Нека не се заборави желбата која го водеше народот на Јужноафриканската Република да се препороди во слогата меѓу сите свои деца – поттикна Папата.
Светиот Отец изрази близина и на народот во Куба, посебно на семејствата кои најмногу трпат во овој тежок момент. Го молам Господ да му помогне да се изгради мир, дијалог и солидарност, поправедно и братско општество. Сите Кубанци ги поттикнувам да се доверат на мајчинската заштита на Пресвета Богородица од милосрдието од Ел Кобра. Таа ќе ги придружува на тој пат – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк