Благословено студиото на Радио Марија Македонија

Во недела 19 октомври 2014 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го благослови студиото и просториите на „Радио Марија Македонија“. Со овој чин се означи почетокот на експерименталната програма на радиото која ќе трае до 8 декември 2014 за кога е најавено официјалното отворање.

На благословот освен соработниците на Радиото, присуствува бројни верници. Катедралниот хор „Прсвето Срце Исусово“ на чело со диригентката сестра Татјана Атанасова со својот настап го збогати овој чин. Своја изведба имаше солистката Серафина Фантаузо заедно со виолинистката Јулија Неловска.

„Радио Марија Македонија“ е дел од Светското семејство на Радио Марија, формирано од Здружението „Радио Марија Македонија“ кое исто така е дел од оваа меѓунарнодна мрежа. Здружението е формирано во 2012 година и цели две години активно и неуморно работеше на остварување на проектот „Радио Марија“ во Македонија, со поддршка и благослов од бискупот Стојанов. Претседател на ова Здружение е Катица Трајковска Абјаниќ, а директор на радиото е монс. Антун Циримотиќ. Студиото на „Радио Марија Македонија“ се наоѓа во Скопје во близина на Скопската катедрала.

Е.А.

Категорија: Македонија

За авторот