Во петок 12 јули во Богданци, по завршување на светата Литургија за празникот Свети Петар и Павле, во дворот на црквата „Свети Кирил И Методиј“ протојереј ставрофор отец Тома Ангелов благослови две возила, кои семејството Џишеви ќе ги користи во нивната компанија за превоз на патници.
Од самото основање на компанијата семејството Џишеви од Богданци, сите возила кои ги користи за превоз на патници ги донесува на благослов.