Благодарница за парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Битола

Благодарница за парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Битола

Во Центар за Култура – Битола во петок 31 мај 2024 година по повод Денот на државноста на Република Хрватска и одбележувањето на 30 годишнината на здружението на Хрвати „Марко Марулиќ“ се одржа свечен концерт составен од вокалната група “Ангели ни” во придружба на тамбураши КУД „Клоштар“ – Општина Клоштар Иваниќ – Хрватска, како и Женската клапа „Фреција” и КУД „Јелса“ – Хрватска, а специјален гостин беше Државното музичко училиште Битола.

На овој настан господин Бранко Маретиќ од Здружението на Хрватите на парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Битола додели Благодарница за соработка и добри односи, која ја прими парохот Томаш Бак, кој пак се заблагодари на сите Хрвати кои дејствуваат во парохија и во Општина Битола.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот