Бискупска Конференција во Котор
Котор, 23.4.2013 /к.мк/ – Од 22 до 24 април 2013 во црногорскиот град Котор се одржува Бискупско заседание, односно пролетната сесија на Меѓународната Бискупска Конференција „Кирил и Методиј“.
Меѓународната Бискупска Конференција „Кирил и Методиј“, во која членуваат дел на католичките бискупии од поранешна Југославија опфаќа: 2 надбискупии (Белград и Бар), 4 бискупии (Скопје, Котор, Суботица и Зрењанин), 2 Апостолски егзархати (во Македонија како и Србија и Црна Гора) и 1 Апостолска администратура (Косово) со исто толку надбискупи и бискупи.
Покрај бискупите и надбискупите на спонматите места на заседанието се присутни и Апостолскиот нунциј во Црна Гора, и бискупи гости од Хрватска и Албанија.