Бискупот Стојанов ќе присуствува на редовното заседание на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс д-р Киро Стојанов во недела 3 ноември 2019 година во попладневните часови се сретна со врхбосанскиот надбискуп и митрополит, кардинал Винко Пуљиќ, во неговата резиденција во Сараево.
Епископот Стојанов ќе учествува на редовното заседание на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина, која ќе се одржи од 3 до 5 ноември 2019 година во Сараево, на која ќе присуствуваат членовите на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина, како и други делагати.
Ватикан њуз/к.мк