Бискупот Стојанов ја прими амбасадорката на СР Германија, Анке Холштајн

Бискупот Стојанов ја прими амбасадорката на СР Германија, Анке Холштајн

Во вторник, 8 март 2022 година, во Бискупската резиденција во Скопје Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П монс. Киро Стојанов ја прими во посета амбасадорката на Германија во Македонија, Н.Е. Анке Холштајн.

Во срдечна атмосфера бискупот Стојанов ја запозна амбасадорката Холштајн за животот и активностите на Католичката црква во Македонија. На средбата е истакнат придонесот и залагањето на Католичката црква за меѓурелигискиот и меѓуетничкиот соживот, a беше потенцирана и добрата соработка со останатите верски заедници во Македонија.

Покрај другото амбасадорката беше запозната и за ангажираноста на Католичката црква во Македонија на каритативно и едукативно поле посебно преку активностите на Македонски Каритас, како и за работата на порталот Католици.мк и Радио Марија Македонија.

Средбата заврши со желба за продлабочување на соработката.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот