По повод смртта на патер Еуген Хиленгас, првиот генерален директор на Реновабис, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов во негово лично име и во име на Католичката црква и заедница во Македонија упати писмо со сочуство до актуелниот генерален директор на Реновабис професор д-р Шварц, до вработените во Реновабис и семејството на патер Хилегнас.
„Благодарни сме на Бога за овој голем служител на Црквата кој се стави на располагање на Божјата промисла и даде свој придонес и пример на солидарност со Црквата во Средна, Источна и Југоисточна Европа“ – стои во писмото на бискупот Стојанов.
Ветувајќи ги своите молитви, епископот Стојанов, моли Бог да му дарува Царство небесно.
Патер Еуген Хиленгас е роден во Франкфурт на Мајна во 1930 година, на 20годишна возраст влегува во Друштвото на Исусовци. Студирал филозофија, теологија и деловна администрација, за свештеник е ракоположен во 1962 година. Од 1968 до 1971 година бил социус на провинцијалот на јужногерманската Исусовска покраина во Минхен и од 1972 до 1993 година генерален економ на Друштвото на Исусовци во Рим.
Ватикан њуз/к.мк/Фото: Реновабис