Бискупот Стојанов служеше света Литургија во Скопје на празникот Сретение Господово
На 02 февруари 2015, на празникот Сретение Господово (Свеќница) Н.В.П. д-р Киро Стојанов служеше света Литургија во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје. Во својата хомилија тој се осврна на три битни зборови кои можат да се извлечат од денешното евангелие, а тоа се: дарот, мечот и светлото.
Бискупот Стојанов истакна дека „целиот наш живот е дарување. Толку сме пријатели, семејство или заедница, колку можеме да даруваме. Свеста да даруваме и да сме дарувани, нè прави среќниа и ни го разубавува секојдневието“. Меѓутоа секое дарување има и свој меч. „Кое дете никогаш не го ранило срцето на својата мајка?“ Во вториот дел од својата хомилија, бискупот Стојанов се задржа на зборот „светло“, во контекст на Евангелието. „Колку човештвото би било сиромашно, ако не би било светото Евангелие. Таа книга е најсилното светло во темнината на нашето земско патување“.
к.мк/С.С.