Хрватска: Бискупот Стојанов се сретна со државниот секретар Ѕвонко Милас

Хрватска: Бискупот Стојанов се сретна со државниот секретар Ѕвонко Милас

Во среда 20 септември 2017 година во Централната државна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска во Загреб, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д- р Киро Стојанов, придружуван од дон Давор Топиќ, се сретна со државниот секретар Ѕвонко Милас.

Бискупот Стојанов накратко ја претстави работата на Католичката црква во Македонија нагласувајќи ја нејзината поврзаност со загребската и врхобосанката надбискупија, како и традицијата хрватски мисионери да делуваат во Македонија. Голема заслуга за зачувување на хрватскиот идентитет, јазик и култура во Македонија има токму Католичката црква, која настојува да биде место за собирање на хрватската заедница.

Државниот секретар Милас и бискупот Стојанов заклучија дека има многу простор за соработка и заедничко делување во корист на Хрватите кои живеат во Македонија, кои со љубов и гордост ги чуваат своите хрватски корени и својот хрватски идентитет.

Државниот секретар се заблагодари на бискупот Стојанов и парохот Топиќ за сѐ она што го прават за Хрватите, како пасторално, така и општествено и истакна дека Централната државна канцеларија за Хрватите надвор од Хрватска ќе дава силна поддршка за сите активности кои ќе бидат за зачувување и развивање на хрватскиот идентитет на нашите сонародници кои живеат во Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот