Бискупот Стојанов ги однесе моштите на свети Кирил Солунски во Соборниот храм во Скопје

Бискупот Стојанов ги однесе моштите на свети Кирил Солунски во Соборниот храм во Скопје

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, на 24 мај 2022 година, на празникот на светите браќа Кирил и Методиј, на денот кога МПЦ-ОА се здоби со автокефален статус, ги донесе единствените мошти во Македонија на Свети Кирил Солунски во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а по барање на архиепископот Македонски и Охридски, г.г. Стефан. Моштите беа изложени за време на светата Литургија, која ја служеа архиепископот Македонски и Охридски г.г. Стефан и Српскиот патријарх г.г. Порфириј. По светата Литургија присутните верници имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Кирил Солунски и да ги чествуваат.

На светата Литургија присуствуваше и бискупот Стојанов во придружба на о. Марјан Ристов и дон Томаш Бак.

Моштите на свети Кирил Солунски кои се единствени во Македонија и ги поседува Католичката црква имаат уверение за веродостојност издадено од надлежните црковни власти во епархијата, каде се наоѓа гробот на свети Кирил.

к.мк

Фото: Фили Стојанов

Категорија: Вести, Македонија

За авторот