На 14 март 2018 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во својата резиденција го прими г-дин Рафаеле Галати, координатор за Европа од Светското семејство на Радио Марија. На средбата присуствуваше и канцеларот о. Марјан Ристов и о. Гоце Костов, директор на Радио Марија Македонија.
Во пријатната и срдечна атмосфера соговорниците се спомнаа за почетоците на Радио Марија, беше искажано задоволството за досегашната работа на радиото, а исто така стана збор и за предизвиците кои престојат.
Координаторот за Европа од Радио Марија г-дин Галати овие денови оствари заедничка средба со директорот на радиото о. Гоце Костов, претседателот на здружението Радио Марија Македонија, г-ѓа Катица Трајковска Абјаниќ и вработените. Својата посета во Македонија г-дин Галати ја продолжи во Струмица, посетувајќи ги парохиите „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица, Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, „Свети Кирил и Методиј“ – Петралинци и „Свети пророк Илија“ – Радово.
к.мк