Бискупот Стојанов го прими премиерот Спасовски и директорот на Комисијата за верски заедници Сотировски
Скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, на 13 април 2020 година, во бискупската резиденција во Скопје, го прими претседателот на Владата на Македонија господинот Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за верските заедници господин Даријан Сотировски по повод празникот Велигден.
На самиот почеток бискупот Стојанов изрази благодарност до гостите на гестот за доаѓањето и честитањето, па го запозна премиерот Спасовски со прославата и живеењето на Великата седмица и празникот на Христовото Воскресение, како и случувањата кои претходат за славењето во епархијата според Јулијанскиот календар.
Исто така бискупот Стојанов истакна дека Католичката црква во Македонија од самиот почеток настојува да ги држи сите упатства и препораки на надлежните институции на Владата за време на пандемијата, давајќи две соопштенија, додека редовниот тек на животот е запрен. Соговорниците исто така во својот разговор се осврнаа и на актуелната ситуација во државата предизвикана од заразната болест Ковид-19.
к.мк