Бискупот Стојанов го прими о. професор Станушиќ

Бискупот Стојанов го прими о. професор Станушиќ

На 21 март 2018 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д- р Киро Стојанов во бискупскиот ординаријат во Скопје го прими о. проф. Марко Станушиќ, професор по литургиска музика на Католичкиот богословски факултет во Сараево и диригент на Катедралниот мешовит хор „Јосип Стадлер“, кој престојуваше во дводневна работна посета во скопската парохија.

Во срдечна и пријателска атмосфера, бискупот Стојанов го запозна гостот со животот на Католичката црква во Македонија и предизвиците со кои се соочува. Разменети се мислења и искуства на подрачјето на меѓурелигискиот дијалог. При тоа бискупот Стојанов се заблагодари на професор Станушиќ за скапоцениот придонес околу штимањето на единствените оргули во Македонија, кои се наоѓаат во скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“. На крајот од средбата бискупот Стојанов на професор Станушиќ му поклони две монографии кои зборуваат за настаните на Црквата во Македонија.

Професор Станушиќ исто така се сретна и со катедралните оргуларите и хорот во скопската парохија, а во таа прилика на водителката на хорот и диригентка с. Татјана Атанасова ѝ подари книга со композиции за оргули. Исто така е претставено и периодичното списание за литургиска музика на Врхбосанката надбискупија „Магнификат“, истакнувајќи дека списанието излегува два пати годишно, со цел да биде од помош на оргуларите и водителите на хорови при нивната формација, како и за подобра подготовка за литургиското свирење и пеење во парохиите во Врхбосанската надбискупија, поклонувајќи при тоа неколку броеви од списанието. Во знак на благодарност за соработката и штимањето на оргулите како и за средбата со хорот, парохот дон Топиќ на професор Станушиќ му подари икона на Пресвета Богородица.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот