Во петок 3 август 2018 година во просториите на катедралната парохија „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епископ Струмичко – скопски го прими во проштална средба амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта, г-дин Павел Гјерински.
На средбата која помина во пријатна и срдечна атмосфера бискупот Стојанов се заблагодари на амбасадорот Гјерински за соработката, која ја имаше со Црквата во Македонија, како и со други институции во Македонија и му посака благослов за понатамошното негово дипломатско делување. Бискупот Стојанов исто така го запозна амбасадорот Гјерински со актуелностите од животот на Католичката црква во Македонија.
Во своето обраќање амбасадорот на Суверерниот воен ред на Малта, осврнувајќи се на неговите активности ги истакна пријатните впечатоците од неговата дипломатска служба во Македонија.
к.мк