Бискупот Стојанов го посети ПОУ „Иднина“ Скопје

Бискупот Стојанов го посети ПОУ „Иднина“ Скопје

На 04 мај 2017 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов го посети Посебното основно училиште „Иднина“ во Скопје и се сретна со директорката на училиштето Анета Петровска и во таа прилика и ја подари монографијата „Денови на света Мајка Тереза во Скопје“.

Директорката Петровска се заблагодари на бискупот Стојанов за монографијата при што изрази радост што училиштето со своите активности можеше да биде вклучено во Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза во Скопје“.

Соговорниците се присетија и разговараа за прекрасните моменти кои се случија во тие денови. Бискупот Стојанов посака Божји благослов во делувањето на оваа училиште.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот